Откриен изгубен град стар 3.400 години (ФОТО)
По неколку месечни екстремни суши во Ирак, изгубен град стар 3.400 години повторно се појави, а експертите го прогласиле за археолошко чудо.
Фотографиите прикажуваат неверојатни рушевини за кои се верува дека дека се дел од изгубениот град Закхики, а кои се појавиле поради рекордните суши.
Тим на германски и курдски археолози побрзале со ископите и документирањето на рушевините пред водата во резервоарот повторно да го потопи.
Благодарение на брзата реакција откриле над 100 древни глинени плочи. Еден од истражувачите ова откритие и поради фактот дека е добро сочувано иако било и под вода, го нарекол чудо. За краток период бил мапиран опсежен урбан комплекс кој датира од 1550 до 1350 година пред нашата ера. Освен палати, откриени се уште неколку големи градби, повеќекатна зграда и индустриски комплекс.
"A 3,400-year-old Mittani Empire-era city once located on the Tigris River emerged from the waters of the Mosul reservoir in Iraq as water levels fell rapidly due to extreme drought. Possibly Zakhiku (ca. 1550–1350 B.C.)." https://t.co/ofoh3SS1RN pic.twitter.com/Q7Ivll6rwT
— Wrath Of Gnon (@wrathofgnon) May 30, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа