Откриени соработниците на Вељко во српската полиција – „минирале“ увиди
Двајца полициски службеници добија 48-часовен притвор по налог на српското Обвинителство за организиран криминал. Станува збор за лицата П.Л. и Б.В.
Тие се притворени поради постоење основи за сомнение дека му помогнале на озогласениот Веља Неволја по извршено кривично дело.
На четврти февруари оваа година за време на претрес на стан и други протстории во склоп на апсењето на осомничени членови на организирана криминална група површно претресле стан за да не пронајдат преметни поврзани со кривично дело.
По вториот претрес полицијата пронашла пиштол, а осомничените се теретат дека не одземале пари кои биле пронајдени во станот, иако биле предмет на кривично дело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа