„Откријте“ – Инстаграм има нова функција

Инстаграм платформата воведува неколку нови функции за своите популарни Stories.

Најважна меѓу нив е функцијата „Откријте“ (Reveal), која им овозможува на корисниците да креираат скриени „приказни“ кои нивните следбеници ќе можат да ги откријат само доколку побараат дозвола од авторот преку приватна порака.

-За да креирате тајни приказни, треба да кликнете на иконата за налепници на горниот дел од апликацијата, да ја изберете функцијата „Откријте“ и да креирате „приказна“ на Инстаграм која ќе биде замаглена за сите корисници, пренесува Tech Crunch.

Компанијата верува дека новата функција ќе послужи како можност за почеток на разговор со пријателите на Инстаграм.

Во апликацијата е интегрирана и функцијата „Додај своја сопствена музика во приказни“, така што корисниците ќе можат да ги споделуваат и своите омилени песни.

Корисниците исто така ќе можат да додаваат рамки, па фотографиите додадени во „приказните“ ќе изгледаат како снимки од Полароид.

07.05.2024 - 20:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа