Отстранува болка од лошо држење на телото за 1 минута - трик со пешкир кој мора да го испробате

 

Ако болките во грбот, особено во долниот дел, ви се добро познати, овие вежби се создадени токму за вас.

Болките можат да го нарушат квалитетот на животот и да ве забават во извршувањето на секојдневните активности. Во случај на вакви болки, не посегнувајте по лекови. Најдовме поедноставно и посигурно решение за овој проблем. Ви предлагаме 10 ефикасни и едноставни вежби кои најдобро е да се прават 3 пати дневно.

По 2 недели, болките би требало да бидат ублажени, а ако продолжите со изведување на вежбите, ќе исчезнат засекогаш.

Вежба 1

Седнете на под и испружете ги нозете. Растојанието помеѓу стапалата нека ви биде од 5 до 10 сантиметри. Под колената ставете завиткано ќебе или пешкир, а на нозете ставете перница. Свиткајте го горниот дел од телото кон нозете колку што можете повеќе. Останете 5 минути во оваа положба. Вака ќе ги опуштите мускулите и ќе ја отстраните болката.

Вежба 2

Легнете на грб, испружете го целото тело, а под долниот дел на грбот ставете пешкир или ќебе. Останете 5 минути во таа положба. Ќе почувствувате како целото тело се истегнува, а болките добиваат помал интензитет.

Вежба 3

Седнете на под и испружете ги нозете, додека горниот дел на телото треба да ви биде исправен. Испружете ги рацете и обидете се да ги допрете прстите на нозете. Одете дотаму до каде што не чувствувате болка. Доколку не можете да ги дофатите прстите со рацете, не го форсирајте телото. Не би требало да чувствувате никаква непријатност при изведување на оваа вежба.

Вежба 4

Сите делови на телото се поврзани на некој начин. На телото постојат одредени точки со чие притискање се елиминираат болките. Точката што ја отстранува болката во долниот дел на грбот се наоѓа зад колената. Притискајте ги нежно со прсти на 2 до 3 минути секој ден и многу брзо ќе почувствувате олеснување.

Вежба 5

За оваа вежба ќе ви треба тениско топче, кое треба да го поставите под задникот. Во горниот дел на задникот има еден куп нерви што предизвикуваат многу болки, а со негово опуштање исчезнуваат сите болки. Тениското топче во овој случај ќе замени масажа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега