Ова е „најсреќниот“ остров на светот: Нуди 300 сончеви денови годишно и богата туристичка содржина
Иако многу острови во Карипското Море имаат многу сончеви денови во поголемиот дел од годината, островот Аруба е познат како „еден од најсреќните во светот“.
Имено, во овој дел од светот, сезоната на урагани е често проблематична, но тоа не е случај во Аруба. Овој остров е познат како еден од најпосетуваните со своите нереални сини нијанси на вода.
Една од најпознатите плажи на овој остров е Eagle, а често се смета за една од најубавите плажи во светот. Во сето ова не заостанува и Палм Бич, кој е омилен меѓу љубителите на водените спортови.
Посетителите на Аруба имаат можност да се запознаат и со историјата на одгледувањето на алое вера, како и со процесот на нејзина обработка, а на овој остров има и музеј посветен на алое вера.
Покрај тоа, околу 20% од површината на островот е окупирана од Националниот парк Арикок, кој има многу плантажи со алое, скриена островска плажа и вулкански врвови. Една од најпознатите атракции на овој парк е Кончи, природен кружен базен опкружен со карпи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа