Ова ќе бидат новите правила за македонските граѓани за влез во земјите во ЕУ, еве што треба да знаете

Од 10 ноември годинава стартуваат новите правила за влез во земјите од ЕУ за граѓаните на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја Македонија. Влезот во ЕУ, плус земјите на Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се дел од Шенген системот, ќе имаат посебни протоколи за влез на граѓаните на земји кои не се дел од ЕУ, односно на околу 60 држави.

Системот за влез и излез (entry/exit system – EES) беше воспоставен 2017 година, а имплементацијата е одложувана неколку пати.

За идното лето исто така ќе се имплементира на вториот Европски систем за информации и овластувања за патување (ETIAS) што значи дека патниците од земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ, мора да аплицираат онлајн за дозвола за влез, со плаќање на надоместок од седум евра.Пасошите од нашата земја се биометриски, чиповите содржат отпечатоци од прсти и фотографии и се целосно усогласени со условите што ги бара ЕУ за земјите од Западен Балкан да добијат безвизен режим.

ЕТИАС ќе бара од граѓаните од околу 60 земји да потполнат посебен формулар преку компјутер или преку мобилна апликација пред да патуваат.

При првото пополнување на апликацијата, патникот внесува лични податоци, електронска пошта и телефонски број, како и детали од патната исправа.

Патникот исто така ќе треба да внесе детали за образованието и тековното вработување, како и детали за планираното патување и престој во земјата на ЕУ.

Ќе се бараат и детали за какви било кривични пресуди, минати патувања во воени зони или конфликтни зони, како и информации за тоа дали лицето е депортирано од која било земја.

Патниците треба да платат и дополнителна такса од седум евра, која се плаќа со платежна картичка. Плаќањето се врши како и секое купување преку Интернет.

Таксата нема да ја плаќаат лицата под 18 и над 70 години, сопружниците/регистрираните партнери и децата на државјаните на ЕУ и земјите од Шенген зоната, како и децата на сопружниците/партнерите кои доаѓаат надвор од ЕУ.

„Групна“ апликација нема да биде возможна, односно во случај на семејно патување, секој член ќе мора посебно да аплицира за ETIAS. Системот ETIAS ќе биде достапен на јазиците на земјите-членки, вклучувајќи го и хрватскиот, а системот ќе прифаќа само латински букви. Патникот ќе може да го паузира пополнувањето на апликацијата, да зачува промени и да продолжи со внесување податоци во период од 48 часа пред влезот во земјата.

27.08.2024 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега