Овие промени на ноктите можат да упатуваат на дијабетес

 

И покрај тоа што многумина страдаат од дијабетес, шокантно е што повеќето луѓе не се ни свесни дека имаат пред-дијабетес. Ова е причината зошто Клиниката Мајо сугерира да се запознаете со симптомите што укажуваат на оваа состојба. Некои од симптомите што можат да укажат на сериозна нерамнотежа на шеќерот во крвта се замор, зголемена жед или глад, промени на кожата, слабеење или зголемување на телесната тежина, заматен вид …

Сепак, покрај овие попознати знаци на дијабетес, постои уште еден за кој експертите сакаат да знаете – промени на ноктите.

Иако многумина не мислат така, ноктите можат да бидат како прозорец кон здравјето на вашето тело, вели д-р Елизабет Салада. Поради оваа причина, таа редовно ги проверува ноктите на своите пациенти како дел од нивните медицински прегледи.

„Многу вообичаени болести може да се откријат благодарение на изгледот на вашите нокти“, открива таа.

Салада вели дека здравите нокти обично имаат розова боја, рамни се и со рамномерна боја, а какви било промени во формата, дебелината или конзистентноста можат да помогнат да се идентификува проблемот. Поточно, таа предупредува дека „малото руменило на основата на ноктот понекогаш е симптом на дијабетес“.

Исто така, вашите нокти можат да станат жолти или кршливи.

Според Healthline, жолтите или кршливи нокти на рацете или нозете можат да бидат и знак на дијабетес. Тоа е затоа што дијабетисот го зголемува ризикот од габична инфекција наречена онихомикоза.

„Кај некои луѓе со дијабетес, ноктите добиваат жолтеникава боја“, објаснуваат тие. „Често ова обојување е поврзано со разградбата на шеќерот и неговиот ефект врз колагенот во ноктите“.

Водорамните линии се исто така алармен сигнал.

Како што стареете, можете природно да развивате вертикални гребени на вашите нокти. Меѓутоа, ако забележите хоризонтални линии на вашите нокти, тие можат да бидат последица на дијабетес тип 2.

Овие препознатливи гребени се познати како Буови линии, и можат да бидат предизвикани од неконтролирано ниво на шеќер во крвта, според клиниката Мајо. Сепак, некои други болести можат да предизвикаат исти симптоми, вклучително и проблем со тироидната жлезда.

Вашите нокти исто така може да се чинат пократки.

Иако вашите кратки нокти можат да бидат резултат на гризење или кршење, експертите велат дека тие исто така можат да укажат на подлабок здравствен проблем. Според списанието Practical Diabetes, во ретки случаи, оштетувањето на нервите предизвикано од дијабетес може да предизвика инхибиран раст на ноктите. Затоа, ноктите на одредени прсти можат да изгледаат скратени и кршливи, пренесува Best Life.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2021 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега