Овој напиток е чисто злато: Ги чисти бубрезите и црниот дроб, го регулира крвниот притисок, поволно влијае и на анемија

 

Копривата е богата со витамини, минерали и лековити материи. Листот од коприва ефикасно ги олеснува ревматичните тегоби, значително ги намалува болките при движењето, но и при мирување.

Исто така лабораториски испитувања во Германија во 1999 година покажале дека листовите од коприва имаат моќен противвоспалителен ефект. Копривата делува против дијареја и помага при хемороидите.

Чајот се користи за чистење на патиштата за мокрење, спречување на создавање на песок во бубрезите, за зголемување на количината на урина и кај сите видови воспалителни процеси во телото.

Копривата го намалува нивото на шеќер во крвта, па поради тоа се користи во бројни мешавини на чаеви против дијабетес.

Чајот од коприва е добро средство за јакнење затоа што го поттикнува апетитот, го снабдува организмот со железо и успешно делува против умор. За надворешна употреба копривата се користи за акни, масна кожа, првут.

Подготовка на чај од коприва

Потребно ви е 2 лажици листови од коприва и 250 милилитри вода.

Свежа или сушена коприва, ставете ја во врела вода, оставете го садот поклопен да стои десеттина минути, па процедете.

Примена: Пијте по една шолја чај секој ден, најдобро е тоа да го правите наутро.

27.12.2021 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега