Овој витамин е клучен за здравјето по 50-та година, велат експертите: Во оваа храна го има најмногу
Експертите велат дека без овој витамин телото забрзaно пропаѓа и старее.
Грижата за здравјето секогаш треба да ни биде приоритет, но по 50-те години потребно е малку повеќе внимание да посветиме на организмот и да воведеме некои здрави навики.
Витамините и минералите играат главна улога кога е во прашање здравјето, а витаминот Б12 им е неопходен на сите кога ќе влезат во зрела доба од животот.
Овој витамин е значаен за произведување на црвените крвни зрнца, ДНК, имунитетот, но и за здравјето на срцето и мозокот. Освен тоа го забрзува нашиот организам и спречува настанување на анемија.
Иако внесувањето на овој витамин е значајно во текот на целиот живот, експертите нагласуваат дека по 50-та година способноста на нашето тело да апсорбира полека се намалува, па се препорачува поголем внес на овој витамин од претходно.
Витамин Б12 најмногу го има во следните намирници:
- црвено месо;
- јајца;
- риба;
- млечни производи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа