Падна маж од скопско - полицијата му влезе дома, му најде куршуми

 

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом на Н.З.(40) од с.Бојане, скопско. 

При претресот се пронајдени и одземени 53 куршуми, дел од огнено оружје, две рачки од огнено оружје и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

07.12.2024 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега