Падна одлука: 12-часовна смена за сите полицајци во Косово поради можна ескалација на северот од земјата

Припадниците на косовската полиција воведоа 12-часовни работни смени за да бидат во состојба на готовност во случај на ескалација на ситуацијата на северот на Косово, пренесува „Репортер“.

Според овој медиум, полицијата преминала од осумчасовно на 12-часовно работно време за да биде во состојба на готовност во случај на тензична ситуација на северот на покраината.

Косовската полиција упадна во зградата на општина Зубин Поток, каде се собраа граѓани во обид да го спречат нејзиниот влез, јави репортер на Танјуг.

26.05.2023 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега