Падна одлука: Новата Концепција за основците ќе почека до 2025

Се става одложување на имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми без да бидат засегнати изборните предмети.

„Станува збор за седмо одделение, нагласувам и оваа година учениците во Македонија ќе имаат учебници за разлика од претходните години, кога процесот на креирање, печатење, одобрување на учебници од за нас навистина непознати причини, а претпоставувам повеќе познати на јавноста причини беше неодржлив, променлив, со бројни промени во повиците со грешки во учебниците и така натаму“, изјави на денешната прес-конференција министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

05.07.2024 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега