Падна одлука: Продолжен зимскиот распуст на учениците - државата требало да штеди
Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.
10.01.2023 - 15:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа