Падна одлука: Твитер го тужи Илон Маск
Откако милијардерот Илон Маск се откажа од купувањето на онлајн платформата, Твитер поднесе тужба против него.
Судската борба може да биде долга и скапа.
Илон Маск се откажа од купувањето на Твитер по цена од 44 милијарди долари поради наводни „лажни и залажувачки“ наводи на платформата. Тој го обвинува твитер за погрешни податоци околу бројо на лажни профили на платформата.
Твитер, пак, ги отфрла обвинувањата и смета дека повлекувањето на Маск е незаконско. „Однесувањето на Маск само потврдува дека тој сака да се повлече од обврзувачкиот договор, кој го потпиша по слободна волја, и дека притоа сака да му наштети на Твитер“, се вели во тужбата. Маск мисли дека може да си дозволи едноставно така да се повлече од договорот, да ѝ нанесе штета на компанијата, да ѝ го расипе бизнисот и да ги уништи вредностите на акционерите, оценија адвокатите на Твитер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа