Палевски комуницирал со лице во Москва - нови откритија на судењето

 


Денеска во Кривичниот суд продолжува судскиот процес за свирепото убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, а обвинителството продолжи со презентирање на нови докази.

Во текот на доказната постапка беа презентирани материјални докази, меѓу кои траги од возила, отпушоци од цигари, фискална сметка за набавка на гориво, како и предмети подигнати од местата каде се пронајдени телата на починатите.

Обвинителката истакна дека и покрај констатираните обиди за бришење на комуникациите, постојат записници за комуникацијата помеѓу обвинетиот Палевски и лицето Хусеин, во кои тој го информира за букираната авионска карта за Минск. Во периодот меѓу 27 ноември и 1 декември 2023 година, обвинетиот не остварил разговори со никого освен со Влатко Кешишев и Стефан Димковски, додека на Телеграм биле забележани најмногу разговори.

Обвинителката изнела податоци за пропуштените повици и анализирани комуникации преку различни платформи, вклучувајќи WhatsApp, Фејсбук и Вибер. Според комуникациите, обвинетиот Палевски имал контакти со неколку лица, а на Вибер се пронајдени пораки кои го поврзуваат со лице по име Драган, кој се наоѓа во Москва, при што Палевски побарал помош за да го земе од аеродромот по неговото пристигнување на 5 декември 2023 година.

Судскиот процес продолжува со следните фази на доказна постапка, а обвинителката нагласи дека се уште постојат дополнителни докази кои ќе бидат презентирани во текот на следните денови.

14.02.2025 - 13:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега