Пандаровски - Зеф Мази: Почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија и на Албанија позитивно ќе се одрази на стабилноста на целиот регион

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со Зеф Мази, албанскиот главен преговарач со Европската Унија на која биле разменети разменети мислења и информации за перспективите за скорешно одржување на меѓувладината конференција за двете држави и формалниот почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија и на Албанија со ЕУ.

Претседателот Пендаровски оцени дека посетата е добра можност за размена на мислења за прашања на техничко и на политичко ниво врзани со преговарачкиот процес, како и за отворање на перспективи за идна соработка на тој план.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, тој го поздравил напредокот на Албанија во клучните области за ЕУ-интеграцијата.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија и на Албанија позитивно ќе се одрази на стабилноста и просперитетот на целиот регион и изрази очекување дека примената на новата методологија за водење преговори ќе донесе олеснување на процесот на водење на пристапните преговори. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега