Пандев се збогуваше со Ангеловски: Шефе, благодарам е малку да ти кажам
Капитенот Горан Пандев, македонската фудбалска икона се прости од национоалнит дрес, а натпреварот против Холандија беше негов последен на кој го носеше македонскиот дрес.
На социјалните мрежи многу познати и јавни личности со пофални зборови му се забкагодарија на Пандев за се што направи, а сега дојде и неговиот ред.
Односно Горан Пандев на инстаграм се прости од селекторот Игор Ангеловски- Мрме кој исто така последен натпревар му беше оној на Холандија и со емотини зборови му искажа благодарност.
„Прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија.
Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Горан Пандев во пораката селекторот Игор Ангеловски.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа