Паника во Германија: Северен тек 1 може да е трајно уништен

 

Германските безбедносни агенции стравуваат дека системот Северен тек ќе стане трајно неупотреблив по големата катастрофа на гасоводот во Балтичкото Море.

Повикувајќи се на неименувани извори во германската влада, берлинскиот весник „Тагес шпигел“ објави дека ако истекувањето од две линии на гасоводот „Северен тек 1“ не се санираат брзо, големи количини солена вода може да навлезат во гасоводите и да предизвикаат корозија, објави „Ројтерс“.

Повеќе детали се очекуваат во текот на следниот период, но засега владее паника во Германија.

 
28.09.2022 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега