Папата Франциск со критики за „родовата идеологија“: Укинувањето на различностите значи укинување на човештвото
Папата Франциск ја нарече „родовата идеологија“ најголема опасност на денешницата, велејќи дека таа ги поништува сите разлики и ги прави сите исти.
– Укинувањето на различностите значи укинување на човештвото, рече денеска поглаварот на Католичката црква при редовната аудиенција.
– Потребно е да се фокусираме на антрополошката димензија и да се тргне од елементарната и фундаментална вистина според која „животот на човекот е повик“, истакна папата.
Тој препорачува да не се задушува „здравата внатрешна напнатост“ меѓу мажот и жената, односно повикот „на среќа, на исполнетост, на нешто големо што Бог ни го наменил“.
– Животот на секој од нас не е случајност. Нашето постоење во светот не е обична случајност. Ние сме дел од планот на љубовта и повикани сме да го реализираме за себе и за другите, истакна папата.
Светиот Отец (87) денеска прочита само дел од своите мисли, а остатокот го прочита член на неговиот персонал. Ватикан соопшти дека папата веќе неколку дена боледува од „благ грип“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа