Парите за купените билети за Косово ќе се враќаат од петок

 

Сопствениците на билети за утрешниот натпревар помеѓу Македонија и Косово, кој согласно одлуката на УЕФА ќе се игра зад затворени врати, од пето  к ќе можат да си ги вратат парите.

Како што соопшти ФФМ, сите оние кои имаат купено билети за натпреварот, ќе имаат рок од 09 до 23 октомври да извршат поврат на средствата за купениот билет.

Враќањето на паричните средства за билетите купени за откажаниот натпревар меѓу Македонија и Косово кој првично требаше да се одигра на 23. март 2020 ќе се врши  преку МК Тикетс, официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети.

Парите од купените билети ќе се враќаат со приложување на документ за идентификација и оргиналниот веќе купен билет на означени места во Скопје, Велес, Охрид. Битола, Струмица и Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега