Партизанска е затворена за сообраќај


На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје, соопшти ЦУК.

Гори една од куполите на објектот, а противпожарните единици на Град Скопје се на лице место, информираат од ЦУК.

Поради пожарот кој ја зафати Универзалната сала во Скопје, Булеварот „Партизански одреди“ е затворен за сообраќај.

09.04.2024 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега