Пашињан: Немам овластување да го апсам Путин
Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека нема овластување да донесува какви било одлуки во врска со апсењето на никого, вклучително и на рускиот претседател Владимир Путин, по наредба на Меѓународниот суд на правдата.
За британски „Телеграф“ изјави: „По 2018 година, Ерменија имаше обемни демократски реформи и јас не одлучувам кого да уапсам, а кого да не уапсам“.
На 17 март 2023 година, Меѓународниот суд на правдата издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лвова-Белова, руска комесарка за правата на децата.
Путин е обвинет за воени злосторства, вклучително и нелегална депортација на деца од Украина во Русија.
Доколку стапне во некоја од 123-те земји-членки на судот, Путин може да биде уапсен.
Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, Ерменија „се водела само од политички мотиви кога го ратификувала Римскиот статут на МСП“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа