Патник почина за време на лет од Тенерифе, авионот принудно слета

 

Авионот „Џет 2“ принудно слета откако патник почина за време на летот Тенерифе-Нотингем.

Авионот, кој се движел кон Велика Британија, бил пренасочен во Шпанија кога починал мажот, за кој се верува дека имал 70 години.

Леталото го започнало своето патување од Канарските острови во 19.05 часот пред да биде прогласена вонредна состојба на летот.

Според „Диарио де Ависос“, екипажот ја известил контролата на летање дека на човекот му е потребна итна медицинска помош.

Авионот принудно слетал на аеродромот Сантијаго-Росалија де Компостела за да можат службите за итни случаи да му помогнат на човекот.

На терминалот било испратено возило на итната медицинска помош, а на мажот му била констатирана смрт.

„Можеме да потврдиме дека летот LS676 од Тенерифе беше пренасочен кон Сантијаго де Компостела поради патник на кој му треба итна медицинска помош. За жал, можеме да потврдиме дека тој почина и би сакале да изразиме длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите во овој тежок момент“, се вели во соопштението на Jet2.

 
15.02.2025 - 15:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега