Пазете што и каде коментирате - кривична за велешанец поради коментар на „Фејсбук“
Полицијата поднесе кривична пријава против В.Д.(61) од Велес поради „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
МВР во дневниот билтен информираше дека причина е коментар на „Фејсбук“ што го напишал велешанецот под објавен текст на интернет-портал.
Според информациите, лицето во коментарот промовирало и поттикнувало омраза и насилство.
04.11.2022 - 18:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа