Пецаков: Општина Охрид ќе го организира пливачкиот маратон

 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков одржа прес-конференција на која кажа дека Охридскиот маратон ќе се одржи, а од следната година Општина Охрид ќе ја преземе организацијата.

„Маратон ќе има. Две или три години има неисплатен фонд кон пливачите. Начинот на водење на овој маратон од година в година се уништува. Ќе направиме сè што е во наша моќ да го организираме годинешниот маратон, а од следната година ја преземаме организацијата“, кажа Пецаков.

Оваа информација доаѓа откако претходно беше објавено дека маратонот нема да се одржи поради финансиски проблеми.

18.08.2022 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега