Пејачката се соочила со сите кои го коментираат нејзиното тело: „Гледајте си ја својата работа”

 

Ако не ја користите социјалната мрежа Тик Ток, веројатно не сте ни запознаени со фактот дека пејачката Лизо е една од најпопуларните жени на оваа платформа.

Лизо редовно споделува кратки видео записи со своите 7,9 милиони следбеници во кои детално опишува сè, од својот режим на готвење до хуманитарите организации кои ги поддржува. 

Но, сега привлече огромно внимание со својата нова објава.

Во краткото видео кое содржи дел од режимот за вежбање на Лизо, таа се осврнува на сите кои го критикуваат нејзиниот изглед и тело.

„Некои ќе останат изненадени од информацијата дека вежбам веќе 5 години, но тоа не го правам за да се вклопам во вашиот идеален тип на тело. Работам на својот идеален тип на тело”, вели Лизо која на снимката се гледа како вози статичен велосипед или прави клекнувања.

„А, знаете ли каков е тој тип? Нека не ви е гајле. Јас сум убава, силна сум, си ја работам работата и ја задржувам работата. Затоа, следен пат кога ќе сакате да судите некого, гледајте си ја својата е*ена работа и грижете се за вашето проклето тело”, вели пејачката, додавајќи дека здравјето доаѓа одвнатре, а на однадвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега