Пејачката се тестирала на коронавирус, а резултатите се збунувачки: Едната ноздра позитивна, другата негативна

 

Американската ар-ен-би, соул и хип-хоп пејачка и текстописец, Ерика Баду (49), ги изненади обожавателите на Твитер. Сè започна кога таа ги сподели резултатите од брзиот тест за коронавирусот, што ја збуниле, во најмала рака.

„Немам никакви симптоми. Ме тестираа на ковид. Истата машина. Левата ноздра ми е позитивна. Десната ноздра е негативна“, напишала таа на социјалната мрежа.

Таа додала дека лекарот пријавил само позитивен резултат. Ерика тој ден била три пати тестирана.

„Ова е мој трет брз тест за 24 часа. Сите ние секогаш се тестираме пред секој настап. Пред тоа бев тестирана двапати и левата ноздра ми беше позитивна, а десната негативна. Мораме да ги испитаме овие тестови, сакам да ми ги вратат парите“, додала таа во описот на видеото, а ги покажала и резултатите од тестовите како доказ.

Но, ова не е единствениот таков случај. Извршниот директор на Тесла АД, Елон Маск (49), во четвртокот објави дека бил четири пати тестиран за вирусот корона во ист ден, со два теста позитивни и два негативни.

„Нешто сомнително се случува. Денес бев тестиран четири пати. Резултатите се двапати позитивни, двапати негативни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Брз тест за антиген од БД“, напишал Маск на Твитер веројатно алудирајќи на брзиот тест „Becton Dickinson and Co“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2020 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега