Пеколно утро во Македонија: Живата на термометарот достигна 30 степени уште во 8 часот
Македонија веќе неколку дена е зафатена од интензивен топлотен бран, а утрово, рано наутро, речиси целата држава се буди со пеколни температури.
Веќе во 8 часот изутринава, термометрите покажуваа високи вредности низ земјава:
-
Скопје: 29.4 степени
-
Демир Капија: 27 степени
-
Кавадарци и Виница: 26.5 степени
-
Гевгелија: 26.3 степени
Најсвежо утро е измерено во Берово, со 19.7 степени Целзиусови.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека разладување се очекува од средината на следната недела, кога температурите би требало да паднат за околу 10 степени.
06.07.2025 - 10:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа