Пендаровски: Бугарските политички партии да ги изолираат сите кои не сакаат добри меѓусоседски односи меѓу Скопје и Софија
Главна тема на Советот на безбедност кој го повика претседателот на државата, Стево Пендаровски беа односите меѓу Македонија и Бугарија
Пендаровски побара од бугарските политички чинители кои не се дел од антидржавни кампањи, да ги изолираат политички сите кои не сакаат добри меѓусоседски односи меѓу Скопје и Софија.
-Македонија не ви е непријател, но оваа држава има закони, има достоинство и кога тие граници ќе бидат преминати ние секогаш ќе реагираме за да се заштитиме. Секоја сериозна држава на светот тоа го прави, вклучително и Бугарија. Предлагам во наредниот период далеку подобра координација меѓу надлежните инситуции од двете земји за да не дозволиме европската агенда и билатералните односи да настанат жртви на анахрони националистички и популистички политики од двете страни, рече Пендаровски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа