Пендаровски се сретна со Стјуарт Пич: „Имаме голема поддршка од Обединетото Кралство“

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот, двајцата соговорници размениле мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и севкупната соработка меѓу двете земји.

„Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната британска поддршка и ангажман со цел унапредување на состојбите во повеќе клучни области, како и за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на регионот на Западен Балкан.

Двајцата соговорници изразиja задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и соработката во НАТО Алијансата во контекст на руската агресија и ги реафирмираа заложбите за стабилност и просперитет во поширокиот регион“, стои во соопштението на Кабинетот на претседателот.

03.04.2024 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега