Пендиков: Не се плашам но добивам пцуење и смртни закани на социјалните мрежи

Секретарот на згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков утрово се појави во судот во Охрид. 

И покрај тоа што неговиот адвокат не дозволуваше прашања за Пендиков на новинарските прашања за неговата здравствена состојба, тој рече дека е подобар и оти му претстојат уште прегледи.

- Се надевам дека ќе можам да патувам на 12 јули и сакам да го остварам моето право да присуствувам, бидејќи треба да се соработува со судот, изјави Пендиков.

Се пожали оти му се закануваат, но не кажа дали ова го пријавил во полиција како што направи со претходниот случај.

„Лично да се плашам, не се плашам. Ама не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани со пцуење на ‘Фејсбук’, ‘Месенџер’, да се читаш во коментари“, додаде тој.

31.05.2023 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа