Пензионерите го креваат гласот - Една третина од нив живее со пензија од 13.300 денари

 

Пензионерите ширум земјава за следната недела најавија масовни протести. 

Бараат покачување на минималната пензија во согласност со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии. 

Во земјава има над 330 илјади пензионери. Од нив над 94 илјади месецот го туркаат со 13.300 денари

Јавноста на страна на пензионерите. Велат, оваа категорија на граѓани заслужува достоинствена старост. 

- Не може за функционерите покачување на платите од 67%, а за пензионерите само 6%. Оние со пензии од 12-13.000 како да го тераат месецот, вели еден граѓанин. 

Актуелната претседателка на СЗПМ вели дека минималната плата и пензија никогаш не биле исти, а линеарно покачување не постои никаде. Барањата на пензионерите ги почитува, ама на протести нема да оди, оти работата не и била на улица, туку во канцеларија.

Ако се реализира најавеното зголемување на пензиите од 6%, најмногу ќе добијат 850 пензионери со воена пензија, односно 1.620 денари. Најмалку ќе земат пензионерите со земјоделска пензија – само 600 денари покачување. 

-Тие луѓе цел живот работеле, и сега да земаат покачување од смешни 600 денари кои инфлацијата ги јаде е срамота. Не бараат милостина, барраат тоа што им следува, вели друг граѓанин. 

10.08.2023 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега