Пепелта на холивудската дива За За Габор префрлена во Будимпешта
Пепелта на холивудската sвезда За За Габор беше закопана на церемонија во нејзината родна Унгарија.
Легендарната актерка, која глумеше во филмови како „Лили“ и „Мулен Руж“ (1952), стана позната по своите брзоплети коментари и многу бракови.
Ѕвездата почина на 99-годишна возраст во 2016 година. Нејзиниот последен сопруг ја придружуваше пепелта на гробиштата во Будимпешта за погреб.
Фредерик фон Анхалт рече дека Габор во својот тестамент изразила желба да се врати во Унгарија по нејзината смрт.
Во изјава за агенцијата Ројтерс, тој рече дека сака церемонијата за Габор да биде прослава на животот, а не погреб. Една четвртина од нејзините остатоци ќе останат во Лос Анџелес.
„Таа беше прва класа, имаше свое седиште и пасош, и сè е таму. Тоа беше нејзиното последно патување, секогаш патуваше со прва класа, имаше свој шампањ, кавијар …”
Актерката, sвезда од Златното доба на Холивуд, е родена како Сари Габор во Будимпешта во 1917 година.
Прекарот За За ѝ го даде нејзиното семејство. Таа беше крунисана за Мис на Унгарија пред да се пресели во САД за да се занимава со глума.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа