Перински: Би поддржал било какви измени само да се реши ова лудило
Би поддржал какви било законски измени на кој било закон за да се реши ова лудило, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински одговарајќи за идејата за одземање на ингеренциите на Град Скопје на дел од Јавните претпријатија.
-Ние бараме инстант-решенија бидејќи надвор има 40 степени, а Скопје тоне во смет. И да земеме ова да го решаваме на начин по укажување од градоначалниците, верувајте дека ќе треба време. Законот за локална самоуправа е системски закон, се носи со двотретинско мнозинство и треба да бидеме свесни дека ако влеземе во оваа авантура нема да може да го решиме прашањето. Затоа, апелиравме како Влада, зашто системот на функционирање на Градот Скопје е менаџментот и Советот – таму можат наједноставно и најбрзо да се решат сите проблеми кои ние како скопјани ги живееме, рече Перински.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа