Перински: Изгледа пак ќе треба да ги носиме децата во други градови за да видат накитена елка
Веројатно повторно ќе треба децата да ги носиме во соседните земји за да видат накитена елка, рече Министерот за локална самоуправа Златко Перински во своето вчерашно гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа
„Кажете ми да сте пензионер во Скопје. Каква содржина вас градот Скопје ви нуди? Освен телевизија и серии?
Поразително за еден систем. Сега најверојатно пак ќе ни се случи да треба децава да ги носиме во нашите соседни земји за да видат накитена елка. Епа сега за што праиме муабет? И за тоа советот е крив.“ – рече Перински
Град Скопје се уште ги нема украсено градските улици и плоштадите со што Скопје е еден од ретките главни градови во Европа кој во последниот месец од годината нема украси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа