Перински: Следи ново поглавје каде примат има одговорноста кон граѓаните

Честа да се биде дел од владата која произлегува од огромната поддршка на народот, за мене е голема и неповторлива задача, истакна Златко Перински.

„Благодарност до Претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба да го предводам ресорот Локална Самоуправа, особено што реалноста говори дека во претходните влади многу малку се посветуваше внимание на ова министерство, каде постојат широки и огромни можности за развој и создавање.

Очекувањата од граѓаните се големи, затоа и нашите напори за брзи резултати ќе бидат постојани и со огромна вложена енергија да се помогне на општините, а на тој начин да се помогне на граѓаните.

 

Следи ново поглавје каде примат има одговорноста кон граѓаните, многу работа и нови проекти. Време е општините да добијат поддршка од Централната власт и да се инвестира во локалниот економски развој. Македонија мора да ја вратиме на народот, затоа што таа е наша, заедничка, единствена“, нагласи Перински.

17.06.2024 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега