Песков: Како наследник на СССР, Русија ја задржува својата позиција за независна Палестина

 

Русија, како наследник на СССР, останува на ставот дека ја признава независноста на Палестина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Гледаме во контекст дека Палестина беше призната како независна држава уште во времето на Советскиот Сојуз. Русија, како наследник на Советскиот Сојуз, ја задржува оваа позиција“, истакна Песков, пренесува ТАСС.

До денес, Палестина е призната од девет земји-членки на ЕУ.

Осум земји – Бугарија, Кипар, Чешка, Унгарија, Малта, Полска, Романија и Словачка – го презедоа овој чекор во 1988 година, пред да влезат во ЕУ, а Шведска во 2014 година.

23.05.2024 - 18:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега