Пет знаци дека имате добар сопруг
Секој партнер е различен, но ако го препознаете вашиот сопруг во овој опис – имате одличен брак.
Се чувствувате убаво
Во друштво на добар маж, жената никогаш нема да се чувствува несигурно. Без оглед на тоа дали има недостаток на самодоверба во врска со нејзиниот физички изглед, начинот на кој треба да исполни некоја задача или за чувствата во врската – вистинскиот маж знае како да ги смири нејзините дилеми и сомнежи.
Ја зајакнува вашата самодоверба
Добриот сопруг никогаш нема да се обиде да ве манипулира на било кој начин за да го добие она што го сака. Тој се грижи за вашите чувства, го почитува вашето мислење и ви е најголема поддршка.
Верен партнер
Во неговиот живот има место само за една жена – вие. Не помислува на неверство.
Го почитува вашето слободно време
Добриот маж знае дека квалитетниот брак се темели на компромис, и партнери кои имаат потреба да одвојат слободно време за себеси.
Тој ве потикнува да излезете го пријателите и да се одморите.
Секогаш сте му на првото место
Може да сметате на него и во добро и во зло.
Добриот сопруг не ви поставува никакви услови. Нема да ви дозволи да се откажете од своите соништа, ќе ви биде инспирација, а по потреба и рамо за плачење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа