Петковиќ: Приштина по инцидентот со ранетите момчиња испраќа порака дека Србите не се добредојдени

 

Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека Приштина со повредувањето на момчињата испраќа порака дека Србите не се добредојдени и дека обидот за убиство на српски деца е дамка на лицето на меѓународната заедница.

Тој за РТС изјави дека за жал српскиот народ овој Божиќ го поминува со горчлив вкус поради вчерашното ранување на Стефан и Милош Стојановиќ.

„Тие се добро. Стефан е во КБЦ во Грачаница, Милош е дома, самиот Господ ги спасил. Вчера, на Бадник, Албанец пукаше во нашите деца само затоа што носеа бадниково дрво“, рече тој.

Како што оцени, политиката на омраза кон Србите води до зголемен број инциденти, а не дозволува мир ниту на најголемите празници.

„Приштина испраќа порака дека Србите не се добредојдени. Државата ќе направи се бидејќи животот на секое дете е црвена линија“, рече тој.

07.01.2023 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега