Петковски: Замислете да не се попишат 100.000 Македонци како Бугари, паднаа во вода тврдења за бугарскиот карактер на Македонија

 Тито Петковски, претседателот на владиниот коалиционен партнер НСДП, се огласи на фејсбук и напиша дека смета дека претседателот на Бугарија, Румен Радев, и бугарскиот државен врв стравуваат дека бугарската етничка заедница повторно ќе испадне малубројна на пописот во Македонија и покрај големиот број на издадени бугарски пасоши.

„Кога прочитав дека бугарскиот претседател итно ги собрал шефовите на бугарските безбедносни структури “за да навреме преземат соодветни мерки за заштита на правата на Бугарите во Македонија”, прво што помислив е дека Македонија и објавила војна на Бугарија, а јас за тоа не сум информиран.

Откако прочитав дека причина за средбата било писмото што културното друштво ”Ванчо Михајлов” го упатило до бугарскиот државен врв ја сватив причината за паничната реакција на бугарскиот претседател.

Македонија во април организира попис, а бугарскиот претседател сеуште не знае колку Македонци ќе се декларираат за Бугари. И тоа во услови кога бугарското културно друштво “Ванчо Михајлов” за секој ново осознаен Бугарин во Македонија нуди бугарски пасош по скратена постапка, се разбира со помош на бугарскиот државен врв.

Каде е тука стравот на Радев?

Замислете ја само ситуацијата, на пописот во Македонија, бројката на граѓаните што се определиле за Бугари да биде слична или незначително поголема од она на последниот попис, во услови кога бугарските власти, јавно соопштуваат дека издале над 100.000 бугарски пасоши на македонски државјани. Сите тврдења на бугарскиот државен врв за бугарскиот карактер на Македонија ќе паднат во вода.

После оваа драмолетка од Софија, тешко ќе може да се одбрани тезата дека културното друштво “Ванчо Михајлов” не е наменска бугарска инсталација во Македонија пред пописот.“ пишува Петковски на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега