Петровска: Ги слушаме идеите за враќање на воениот рок

Македонија ги слуша идеите за враќање на воениот рок кои главно кружат во земјите од опкружувањето но и пошироко во регионот, вели во интервју за МИА, Министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Идеите ги слушаме и најавите кои ги има од државите од нашето непосредно опкружување, меѓутоа и од регионот. Прво многу е важно да знаеме враќање или воспоставувањето на служење на задолжителен воен рок е национално прашање и тука нема правило во рамките на Алијансата“ – вели Петровска

Кога зборуваме за враќање, можност за враќање на воениот рок, треба да знаеме кои се последиците или предизвиците можеби со кои би се соочувале како држава. Прво и првенствено немаме зголемена безбедносна закана за да го враќаме служењето на воениот рок. Меѓутоа и не само од аспект на закана, тоа ќе значи вложување на многу дополнителни финансиски средства и што е уште поважно тоа ќе значи дека на сите оние коишто ќе наполнат 18 години, ако тој биде задолжителен како што се размислувањата, идеите..., младите од 18 години нема да можат да бидат активни на пазарот на труд во тој период, ниту пак да го продолжат навремено образовниот процес. Така што тоа се во денешно време, кога знаете како младите жедни би рекла или да научат нешто повеќе или да заработат, прекратувањето или одлагањето на тоа нивно право мислам дека повеќе ќе биде на штета не само на нив, туку и на државата.  – вели Петровска

16.02.2024 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега