Петровска: С. Македонија стои заедно со пријателската Словенија, ние сме повеќе од сојузници

 

 

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска преку објава на социјалните мрежи истакна дека се гордее со македонските војници кои им помогнаа на словенечките колеги да изградат мост во Межица, за само неколку денови.

– Северна Македонија стои заедно со пријателската Словенија. Ова е уште еден доказ дека ние сме повеќе од сојузници. Сите сме посилни кога стоиме заедно. Да го продолжиме овој дух на заедништво и помош, секогаш и секаде, напиша министерката.

 

15.08.2023 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега