Пирот: Маж и пукал на жена во глава, па сам се пријавил во полиција

55-годишен маж пукал денеска во центарот на Пирот и погодил во глава 47-годишна жена, која починала од повредите, пишуваат медиумите во регионот.

Мажот потоа сам се пријавил во полиција. Според написите, станува збор за поранешни емотивни партнери.

За настанот бил известен виш јавен обвинител во Пирот кој ќе изврши увид на местото на настанот, а ќе следи понатамошна истрага.

05.03.2023 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега