Пит бул искасал 2-годишно девојче, лекарите се борат за неговиот живот
Со тешки повредии се здобиле 2-годишно девојче и нејзината тетка (25) откако пит бул ги нападнал во стан во Милано.
Девојчето си играло со својата сестра близначка кога кучето ненадејно го нападнало. Тетката, која ги чувала, скокнала меѓу детето и животното, но и самата добила тешки повреди.
Тетката ги спасила децата од сигурна смрт така што ги ставила во собата и ја затворила вратата, а потоа толку тешко повредена излегла на терасата и се качила на олукот за животното да не може повторно да стигне до неа.
Набргу на самото место пристигнале полициски екипи, но во моментот кога влегле во станот, кучето било мирно и се однесувало како ништо да не се случило пред неколку минути.
Полицајците го врзале животното и се погрижиле повеќе да не нападне никого, а потоа медицинските екипи го згрижиле детето, кое со хеликоптер било пренесено во болница и чиј живот е во опасност. Другото девојче не е повредено, а тетката од олукот ја симнале пожарникарите. Таа исто така била пренесена во болница со многу сериозни повреди на рацете.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа