Питон го каснал додека седел на ВЦ-школката- маж завршил во болница во Австрија
Маж бил каснат од питон додека седел на ВЦ-школката во Австрија.
Паитонот бил домашно милениче на неговиот сосед, кој избега низ канализацијата и завршил во неговата бања.
Полицијата соопшти дека мажот седел на тоалетот кога почувствувал дека некој му ги „стиснал“ гениталиите и тој веднаш скокнал на нозе, а потоа открил дека албио питон го гледа од тоалетот.
Мажот веднаш повикал полиција, која пристигнала со експерт за рептили кој ја отстранил змијата од местото каде што се криела.
Во меѓувреме, мажот е пренесен во болница со полесни повреди. Лекарите рекоа дека, за среќа, питоните не се отровни, но дека постои опасност местото на „угризот“ да биде заразено со бактерии од тоалетот, пренесува Daily Mail.
Експертот за рептили Вернер Стангл изјави дека и питонот бил неповреден, а по чистењето му бил вратен на неговиот 24-годишен сопственик.
Сопственикот на змијата не бил свесен дека питонот избегал сè додека полицијата не го вратила, а тој рече дека не му било јасно како змијата успеала да избега.
Стангл рече дека во неговите 40 години работа со влекачи, тој никогаш не видел ништо вакво.
Полицијата соопшти дека сопственикот на змијата бил упатен до обвинителот за нанесување телесни повреди од небрежност, но дека не е познато дали ќе биде обвинет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа