Платите на наставниците во следните 4 години ќе пораснат за 46%

 

Повисоки плати за наставниците во основно и средно образовани. СОНК и Владата се договорија за покачување од 5% веќе со октомвриската плата, но и за и за континуиран раст на платите во наредните 4 години за вкупно 46%.

Првичното покачување од 5% ќе биде заклучно со февруарската плата, а потоа динамиката ќе засили. Во март наредната година ќе има зголемување од 7%. Во 2026 и 2027 година исто во март, договорот е зголемувањето да се вижи помеѓу 7,5% и 10%, за истиот период во 2028 година процентот на раст да достигне од 10 до 12,5%.

Октомвриската плата практично која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во март 2025 година ќе биде покачена за 5%, а потоа во март 2025 година ќе има ново покачување од 7%, односно во зависност од кондицијата на Буџетот во март 2026 година покачувањето ќе биде помеѓу 7,5 и 10%.

Покачувањето на платите на наставниците нема да застане тука, истото ќе продолжи и во следните години, односно во зависност од состојбата на самиот Буџет во 2027 година во месец март повторно наставниците ќе добијат покачување од 7.5 до 10%. За уште 10 и 12.5 проценти преедвидено е да пораснат во следната 2028 година, исто така тоа же зависи од кондицијата на Буџетот за таа календарска година.

Наставниците во средното и основното образование, со ваквото редовно годишно зголемување во следните години, односно заклучно со месец март во 2028 година ќе добијат историски рекордно покачување од 46% на платите.

Ваквото покачување на на платите на наставниот кадар во основното и средно образование претставува историски подвиг на една Влада, која речиси за само еден мандат истите ќе бидат покачени за речиси 50%.

ЗАВРШИЈА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ВЛАДАТА И СОНК: Наставниците ќе добијат покачување од 5%

Синдикатот е задоволен од постигнатото, велат ова е успех во преговорите и во социјалниот дијалог.

Договорено било најдоцна до февруари да се заврши и потпише колективниот договор со што ќе се унапредат правата на образовниот кадар и ќе се одреддат коефициентите на сложеност на работните места каде што во моментов имало нејаснотии.

-Со задоволство можам да кажам дека завршија преговорите во делот на спорните работи, условно кажано во делот на зголемувањето на платите во дејност на средно и основно образование, во делот на континурано зголемување на платите во основното и средно образование и кочно на започнување и завршување на колективните договори, истакна на прес-конференција претседателот на СОНК Јоаким Неделковски.

-Во интерес на членството на СОНК и на јавноста можам да кажам дека и оваа година во основното и средно образование ќе има зголемување на платите, тоа значи дека од овој месец, односно со октомвриската плата вработените во основното и средно образование ќе имаат покачена плата од 5%, додаде меѓудругото Неделковски.

и за премиерот Христијан Мицкоски, изнаоѓањето решение за континуиран раст на платите е историски договор. Очекува во 2028 година платите на наставниците и професорите да бидат зголемени за минимум 46%, а договорот доаѓа по сеопфатна анализа на Буџетот.

-За мене е исклучително важно ова што го соопшти претходниот говорник дека после би рекол неколку неделни преговори и анализи, но и врз основа на она што го имаме како информација како се полни буџетот и што и како проектираме за годините кои што следат, сакавме да постигнеме договор којшто ќе биде долгорочен да не треба сега секоја година или секој месец повторно и повторно во јавноста се препелкаме па да има кризи, па да има закани ќе правиме штрајкови нема да правиме штрајкови и слично. Затоа беше многу важно ова што го постигнавме како договор, јас сум исклучително задоволен; заедно и со Министерството за образование и со Министерството за финансии, јас лично вклучен бев во овие преговори, разговори со Синдикатот на образованието, науката и културата. Така да што мислам дека се постигна договор којшто е историски во насока на подобрување на финансиската состојба на самите наставници и професори во основното и средното образование.

Што е она коешто е делумно договорено, спомна и претседателот на СОНК, а тоа е дека од октомвриската плата практично која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена март 2025 година ќе имаме покачување од 5% на платите, потоа во март 2025 година ќе имаме покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаме покачување помеѓу 7 ипол и 10%.

Исто во зависност од состојбата на буџетот во март 2027та ќе имаме помеѓу 7 ипол и 10% и исто така зависно од состојбата на полнењето на Буџетот во март 2028 година ќе имаме помеѓу 10 и 12 ипол % покачување на платата, што би значело во овој дијапазон за којшто сега зборуваме во март 2028та наставниците и професорите во основното и средното образование треба да зимаат отприлика минимум 46% повисока плата од таа којашто ја земаат денеска, а може и повеќе во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа ќе зависи од приходната страна на самиот Буџет, истакна на вчерашната прес-конференција премиерот Мицкоски.

Земајќи во предвид во каква состојба им беше оставена државната каса од предходната власт на СДСМ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски во преговорите со претставниците на СОНК постигнаа историски договор што ќе значи дека во следниот период од 4 години просветните работници ќе добијат речиси 50% покачени плати.

Она што е за поздравување, е и токму фактот што се случуваат промени. Промените ги ветуваа од актуелната власт, а истите ги очекуваат и граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски цврсто е решен во своите заложби, за големи промени се со цел за создавање едно подобро место за живеење за сите граѓани на Македонија.

 

13.10.2024 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега