По цели 15 години: Муцунски во Австралија „лови" инвеститори
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, до 13 февруари престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.
Министерот Муцунски од Мелбрун се обрати преку својот Фејсбук профил:
- Продлабочување на економската соработка со Австралија. Во рамките на работната посета на Австралија, учествував и го отворив работниот ручек организиран од European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија. Заедно со извршниот директор на бизнис советот, Џејсон Колинс, како и дипломати, раководството на институти и тинк-тенк организации, разговаравме за можностите за унапредување на економските релации меѓу двете земји, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент ставивме на потенцијалот за соработка во областите на енергетиката, инфраструктурата и новите технологии. Пред претставниците на бизнис-заедницата ги претставив поволностите што државата ги нуди за инвестирање, нагласувајќи дека зајакнувањето на економските врски со Австралија останува еден од приоритетите во билатералните односи, напиша министерот на својот Фејсбук.
Тој претходно оствари и средби во Парламентот на Нов Јужен Велс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа