По Дуа Липа уште една албанска пејачка ајварот го нарече „албански деликатес“
Откако албанската пејачка Дуа Липа го прогласи ајварот за албански специјалитет, по неа следи и Бебе Реаџа која исто така на Инстаграм се пофали како овој „албански специјалитет“ добро се комбинира со јајца.
Имено ајварот како што може да се види на етикетата е од македонскиот бренд „Мамас“ по што следеа низа коментари.
Ова наиде на големо негодување од нејзините обожаватели од Србија, кои тврдат дека ајварот е српски производ.
Бебе Реџа е родена во Њујорк, а нејзините родители се Албанци од Македонија.
26.10.2020 - 22:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа