По катастрофалните поплави во Валенсија: 78 лица се уште се водат како исчезнати
Десет дена по катастрофалните поплави во Валенсија, Шпанија, 78 луѓе уште се водат како исчезнати, објави Владата на платформата Икс.
Претходната бројка на исчезнати лица во поплавите изнесуваше 93. Додека според официјалните бројки на загинати е 219 луѓе. Во областа Валенсија откриени се 211 луѓе, а уште осум безживотни тела се пронајдени во соседните области Кастилија-Ла Манча и во Андалузија.
Невремето продолжува, така што синоќа обилниот дожд предизвика поплави во Каталонија и на островот Мајорка.
08.11.2024 - 17:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа