По објавувањето на дијагнозата: Сопругата на Брус Вилис ги замоли папараците да не го довикуваат актерот на улица

 

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, ги повика папараците да држат дистанца и да не го довикуваат актерот кога ќе го видат во јавност.

Хеминг Вилис упати емотивна молба во видео споделено на нејзиниот Инстаграм, велејќи дека „има уште многуда се научи“ за луѓето кои живеат со деменција.

Раскажувајќи ја неодамнешната случка во која фотографите се обиделе да разговараат со болниот актер откако се појавил во јавноста за да се сретне со пријателите на кафе во Санта Моника, 44-годишната манекенка забележала колку „тешко и стресно може да биде да се излезе со некој болен од деменција меѓу луѓе, а притоа безбедно да се движите со него“.

Таа истакна дека знае дека тоа е нивната работа, но ги замоли да го почитуваат својот простор.

-Ве молам, немојте да му викате на мојот сопруг прашувајќи го како е и што прави или што и да е. Едноставно не правете го тоа. Дајте му простор. Дозволете нашето семејство или кој било со него тој ден да може безбедно да го однесе од точка А до точка Б“, вели сопругата на актерот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emma Heming Willis (@emmahemingwillis)

06.03.2023 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега